Интер Мајами доживеа пораз по осум натпревари во кои забележа седум победи во МЛС лигата. Меси и соиграчите капитулираа дома против Атланта Јунајтед (1-3) која пак во првенството девет кола не знаеше за триумф.
Со двата гола на Саба Лобјанидѕе во 44. и 59. минута екипата на Атланта дојде до предност (0-2) на Флорида. Тогаш на сцена стапи Лионел Меси. Аргентинецот доби топка на средината од Бускетс, тргна кон голот и со низок удар погоди во спротивниот агол за намалување на резултатот (1-2).
Сепак, точка на победата на гостите стави Тиаре кој во 73. минута го постави конечниот резултат (1-3).
Интер Мајами е водечка екипа на Истокот, но Синсинати има шанса да го престигне бидејќи има бод помалку и натпревар помалку.