Српскиот претставник Партизан доби ептен незгоден ривал во осминафиналната фаза од Конференциската лига, откако денеска ждрепката му „додели“ двомеч со холандскиот гигант Феенорд.

Црно белите, кои во претходната фаза беа подобри од Спарта Прага, првата средба ќе ја одиграат во Белград, додека реваншот е во Холандија. Таму ќе треба да патува и најзвучното име во ова натпреварување, Жозе Мурињо, со оглед што неговата Рома за ривал го доби тимот на Витезе, со тоа што првата средба од овој двомеч е на холандско тло.

Првите дуели се играат на 10 март, реваншите на 17 март. Четвртфиналните натпревари се предвидени за 7 и 14 април, полуфиналните средби за 28 април и 5 мај а големото финале на Лига на конференции треба да се игра на 25 мај во Тирана.