Софија Абрамович на својот Инстаграм профил објави дека Русија не војува со Украина туку дека Путин војува против соседот, придружувајќи се на илјадниците Руси кои уште вчера во речиси во сите градови протестираа против руската агресија на Украина, по што беа уапсени над 700 лица, претежно во Москва и Санкт Петербург.
Жестоката воена интервенција продолжи и денеска, а во престолнината Киев веќе почнаа и улични борби, откако руските трупи веќе се пробија во едно предградие на главниот град на Украина.