Професионалните фудбалери на крајот од кариерата се занимаваат со разни работи. Но, ако можеме да кажеме дека води многу интересен живот за поранешен фудбалер во „пензија“, тогаш тоа секако е поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Даниел Агер!
Данецот го носеше дресот на „црвените“ од 2006 до 2014 година, а во март стана тренер во втората данска лига на ХБ Коге. Но, тоа не му е единствената работа, со оглед на тоа што во меѓувреме инвестираше во сите правци.
Така Агер заедно со неговиот брат Марко отворија фирма која чисти тоалети. Медиумите пишуваат дека инвестирал околу половина милион евра и дека „Кло Агер“ моментално е една од водечките компании во Данска кога е во прашање овој бизнис.
Тоа не е се, бидејќи Агер неодамна купи студио за тетовирање. Во меѓувреме, тој доби сертификат и стана уметник за тетоважи, што значи дека можете да отидете кај него и да побарате поранешниот дефанзивец да црта со игла на вашето тело. Покрај тоа, Агер поседува два пабови во Копенхаген и одвреме-навреме можете да го видите како им точи пиво на клиентите во барот.
Агер одигра 232 натпревари за Ливерпул и се врати во Бронби во 2014 година, каде што ја заврши професионалната кариера во 2016 година. Додуша е тренер-играч во Коге, но со 37 години и поради проблеми со повреди тешко може да помогне и повеќе е закован за клупата.