Синоќа во „Медисон Сквер Гарден“ , Стеф Кари со златни букви ги испиша страниците од историјата на кошарката.

Веќе во првата четвртина од натпреварот помеѓу Голден Стејт и Њујорк Никс успеа да го престигне Реј Ален по бројот на тројки на вечната листа на најдобри тројки.

Тој ја постигна првита тројка за да го израмни рекордот на Ален, а набрзо и втората со која го престигна.

Со таа втора тројка ја запиша бројката од 2.974 погодени удари од зад линијата за три поени во кариерата, а за тоа му требаа 511 натпревари помалку од Ален.

По поставувањето на рекордот, на Кари му честитаа соиграчите, семејството, но и самиот Реј Ален, како и Реџи Милер, кој исто така е високо позициониран на оваа листа на тројки.

https://twitter.com/i/status/1470917458383020033