Флик верува дека може да го извлече целиот потенцијал од играчите кои во моментов играат за Барса, а со тоа и да ја врати Барселона на врвот на шпанскиот фудбал. Екипата има голем број талентирани играчи, но и искусни кои можат да бидат лидери на тимот. Веројатно ќе има и засилувања, но не во толкав број како што замислуваат приврзаниците на клубот. На првиот состанок со Жоан Лапорта, Флик дошол подготвен со целосна анализа на младите таленти и играчите во вториот тим на кои сака да им даде поголема минутажа.
Ќе се смени и улогата на Роберт Левандовски кого Флик одлично го познава од деновите во Баерн. Полјакот ќе остане стартер, но ќе има друга функција во тимот и тренерот верува дека може да го врати на нивото од сезоната 2019/20 кога беше најдобар стрелец во Европа.