Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ дојде до победа и пласман во третото коло на Ролан Гарос, откако го совлада Роберто Карбаљес Баена во три сета (3-0). Шпанскиот ривал му парираше само во првиот сет на апсолутниот фаворит, а потоа целосно се распадна пред налетот на Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ, без никакви проблеми се пласира во третото коло на Ролан Гарос, откако со моќна игра го збриша од теренот Шпанецот Баена (6-4, 6-1, 6-2).

 

Србинот најтешка задача имаше само во првиот сет, кој го почна со загубен гем на свој сервис, но потоа брзо се врати и со втор брејк на крајот го доби овој дел од натпреварот. Потоа веќе се беше полесно за ветеранот, кој до крајот му препушти само три гема на противникот.

Ѓоковиќ во следната рунда ќе ги одмери силите со победникот од пресметката помеѓу Монфилс и Мусети.