Италијанскиот тенисер Јаник Синер се пласира во полуфиналето на Ролан Гарос, со победата над Григор Димитров во четвртфиналето со 3-0, по сетови 6-2, 6-4, 7-6/3.
За Синер ова е веројатно еда од најважните победи во кариерата, затоа што со овие бодови официјално ќе избие на лидерската позиција на АТП листата, од каде ќе го „урне“ неверојатниот Србин Новак Ѓоковиќ.
Димитров се обиде со сите сили да му парира на Италијанецот, но Синер беше на висина на задачата и не дозволи никакво изненадување. Во полуфиналето ќе има прилично тешка мисија, затоа што ќе се судри со првиот фаворит за трофејот во Париз, Карлос Алкараз.
Јаник Синер е првиот Италијанец во историјата кој успеал да стигне до врвот на АТП листата, а тоа му успеа на само 22-годишна возраст.