Минатогодишната шампионка на Ролан Гарос Барбора Крејчикова е елиминирана уште во првото коло!

На почетокот на турнирот во Париз, Крејчикова беше поразена од Французинката Дајан Пари по пресврт со 1:6, 6:2, 6:3.

Иако елиминацијата на Крејчикова е неочекувана, нејзиниот пораз не е сосема неочекуван бидејќи нема играно од февруари поради проблеми со повреди.

Сепак, малкумина ја очекуваа победата на Пари, моментално 96. тенисерка во светот, за која најдобар пласман на РГ во кариерата и е второто коло пред три години.

Крејчикова сервираше исклучително лошо, имаше четири асови но и пет двојни сервис грешки и само 55% од успешност на прв сервис.

Французинката лесно доаѓаше до брејк можност, имаше дури 15, од кои шест искористи за голем пресврт и најголемо изненадување во првите два дена од овогодинешниот турнир.

Пари во второто коло ќе игра против Камила Осорио од Колумбија, 66. тенисерка во светот.