Ѓорческа за 80 минути дојде до триумф и се пласира во четвртфинале од тенискиот турнир во Куршумлска Бања, Србија, што се игра за награден фонд од 25.000 долари.
За разлика од напорниот воведен меч, Ѓорческа денес беше доминантна против 18-годишната Јулие Штруплова од Чешка (434. на ВТА-листата), надигрувајќи ја со 6-2, 6-3. Во првиот сет и двете тенисерки почнаа со загубен сервис, но Ѓорческа продолжи со пет освоени гејма едноподруго.
Вториот сет, иако започна со 4-0 за Ѓорческа, дојде до пад во играта, противничката беше порамноправна, сепак не успеа да го смени епилогот. Во четвртфиналето Ѓорческа ќе се судри со осмата носителка, Касја Риналдо Персон, која се наоѓа на 374. место на ВТА-листата.