Нашиот тенисер Ивановски го заврши настапот во поединечна конкуренција на турнирот во Куршумлиска Бања, во Србија, вреден 25.000 долари.
Тој не успеа да му се спротивстави достојно на Русинот Микалај Хаљак и загуби со 4-6, 6-1, 3-6. Рускиот тенисер, кој не е рангиран во Куршумлиска Бања, а го држи 835. место на АТП-листата, го загуби само вториот сет, што беше доволно за триумф.
Во третиот период и двајцата тенисери добро го чуваа својот сервис и тешко доаѓаа до брејк можност.
Ивановски може да си замине триумфално од Куршумлиска Бања, бидејќи уште е во игра во конкуренција на двојки, во тандем со Хрватот Мили Пољичак и тоа како трети носители. За попладнево беше закажан мечот од четвртфиналето, против Радовановиќ и Новаковиќ од Србија.