Младата хрватска тенисерка Петра Марчинко е во импресивна серија во која има 25 победи по ред, а очигледно нема намера тука да запре.

Марчинко освои неколку турнири, меѓу кои и јуниорскиот Австралијан опен, а во моментов игра во Португалија на турнир вреден 80.000 долари.

Хрватката ја совлада Лин Жу со 6-3 и 6-3, па така ја запиша нејзината 25. победа и се искачи на 414. место на ВТА-листата во сингл-конкуренција.