Шпанецот Рафаел Надал стигна до своето седмо полуфинале на Австралија опен. Надал беше пет пати подобар од Денис Шаповалов во првото четвртфинале во пет сета и над четири часа игра .
Првиот полуфиналист на првиот Грен слем во сезоната на Австралија опен стана Рафаел Надал. Легендарниот Шпанец, а денеска шести носител во четвртфиналето, по голема борба го совлада Денис Шаповалов.
Канаѓанецот и 14. носител пружи голем отпор и се врати од 0-2 во сетови, за да падне по над четири часа одличен тенис, откако пропушти неколку брејк топки во петтиот сет.
Надал суверено отвори, по еден сервис во секој сет му беше доволен на Шпанецот за 2-0 без да му даде шанса на Канаѓанецот за брејк и по тие час и 40 минути игра ништо не навестуваше неизвесност.
Но во третиот сет дојдоа проблеми со сервисот на Надал. Прво при 3:2 за Шаповалов мораше да спаси 15:40 и две брејк топки, а на 5:4 не успеа да се спаси од 0:40 па Канаѓанецот го прави првиот брејк и го преземаосвои сетот.
Во вториот сет Шаповалов го одзеде сервисот на Надал за 3:1 и дојде до 5:2, а на 5:3 на негов сервис за малку ќе ја загубеше таа предност бидејќи Надал дојде до две брејк шанси и 15:40. Но, Канаѓанецот се врати и израмни во сетови.
Во петтиот сет Шаповалов ја пропушти брејк шансата уште на почетокот, Надал ја искористи својата и веднаш направи брејк за 2:0, а потоа спаси две брејк можности и се стабилизира со 3:0. Имаше премногу пропуштени шанси за Шаповалов, па Надал до крајот сигурно стигна до 6:3 и полуфинале.
За легендарниот Шпанец тоа е седмо полуфинале во Мелбурн, а оваа година ја брка втората титула, после 2009. Во полуфиналето ќе игра против подобриот од дуелот Гаел Монфис и Матео Беретини.
Австралија опен, четвртфинале:
Рафаел Надал (Шпанија, 6) – Денис Шаповалов (Канада, 14) 6: 3, 6: 4, 4: 6, 3: 6, 6: 3