Лина Ѓорческа продолжи со одлични настапи на турнирот во Куршумлиска Бања и откако претходно ја елиминираше првата носителка, Пана Удварди денес ја совлада Данила Јакуповиќ од Словенија.
Ѓорческа во мечот од четвртфиналето без загубен сет беше подобра со 2-0. Во првиот македонската тенисерка ѝ дозволи на противничката четири гема, додека во вториот еден помалку.
По победата против Уварди Ѓорческа имаше и блага фаворитска улога против тенисерката која е на 252. позиција на ВТА листата, а на крајот истата и ја оправда.
За место во финалето Ѓорческа ќе игра против Србинката Лола Радивојевиќ која е 229. на ВТА листата и 12. носителка на турнирот.
Утрешниот ривал на нашата Лина има 19 години и досега Ѓорческа нема победа против неа во двата одиграни меѓусебни натпревари.