Француската тенисерка Корне ја совлада тениската сензација Ига Швјонтек (6-4, 6-2) со што ја елиминира од „Вимблдон“ и ја спречи да влезе во историјата.
Ова беше прв пораз за Полјачката по низа од 37 победи по ред, со кои се изедначи со Мартина Хингис на врвот од вечната листа, но не успеа да ја мине и да остане сама како најуспешна во оваа категорија. Швјонтек последен пат загуби во февруари и тоа од Јелена Свитолина.
Корне како да е преплатена за прекинување историски серии, бидејќи пред осум години исто така на „Вимблдон“ стави крај на низата на Серена Вилијамс, која дотогаш имаше 34 триумфи по ред. Следна противничка на Французинката на гренслемот во Лондон ќе биде Аља Томљановиќ, која исто така направи изненадување совладувајќи ја Барбара Крејичикова (Чешка) со 2-1 во сетови.