Александар Зверев е првиот полуфиналист на Ролан Гарос.
Третиот носител во Париз по 200 минути игра го победи шестиот тенисер во светот, 19-годишниот Шпанец Карлос Алкарас со 6:4, 6:4, 4:6, 7:6 (6).
Многумина го видоа младиот Шпанец не само во финалето, туку можеби и на тронот во Булоњската шума, но Зверев не мислеше така.
До израз дојде неговото поголемо искуство од најголемите турнири, сигурниот сервис и силните удари од основната линија, па тенисерот од Хамбург се најде меѓу четирите најдобри на вториот Грен слем во сезоната.
Во стартниот сет Алкарас не ја искористи брејк топката во вториот гем, а потоа попушти во петтиот кога Зверев ја искористи третата брејк шанса.
Тоа беше сосема доволно за да се задржи предноста со сигурен сервис и да се дојде до стартниот сет по 43 минути игра, 6:4.
Шпанецот се мачеше на сервис на Зверев, не успеа да го загрози, иако во четвртиот гем повторно имаше шанса за брејк.
Зверев трпеливо ја чекаше шансата, ја искористи нервозата и грешките на противникот и во седмиот гем стигна на пауза за 4:3.
Шпанецот го мачеше Саша на 5:4 во тој десетти гем, имаше и една брејк топка, но повторно погреши во клучните моменти и Зверев стигна до 2-0 во сетови.
Алкарас долго одолеваше во третиот сет, не се предаваше во првите четири гејма на свој сервис, исто како и Зверев.
Потоа во деветтиот, Зверев имаше одлична шанса, брејк топка, но Алкарас ја спаси со одличен дроп-шут, а потоа го доби гемот за 5:4.
И конечно, во следниот гем ја искористи брејк топката за да дојде до 6:4 и да ја намали предноста на противникот во натпреварот.
https://twitter.com/rolandgarros/status/1531699420978372608?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1531699420978372608%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Frolandgarros2022%2Fvesti.php%3Fnav_id%3D2163831
Шпанецот делуваше подобро, поживо во тие моменти, имаше евидентен пад во играта на тенисерот од Хамбург, но Зверев успеа да го задржи сервисот.
Во првите осум гема немаше брејк (4:4), а потоа Алкарас со двојна сервис грешка му подари гем на противникот.
Сепак, Зверев не успеа да го искористи подарокот, Алкарас веднаш го врати брејкот за 5:5.
Ги добија следните два гема, а потоа следуваше тај-брејк кој Зверев го доби со 9:7.
Третиот тенисер во светот во полуфиналето ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.