Новак Ѓоковиќ без поголеми тешкотии мина уште една пречка на Мастерсот во Шангај. Српскиот тениски ас во третото коло славеше рутинска победа над Флавио Коболи од Италија, со 2-0 во сетови.
Италијанецот со големата победа над Стан Вавринка во претходното коло најави неизвесен натпревар против Ѓоковиќ, но тоа не се случи – освои вкупно три гема и го заврши престојот во Шангај.
Во првиот сет беше 6-1 за Србинот, додека во вториот Ѓоковиќ одново покажа моќ и со само два загубени гема обезбеди пласман во осминафиналето.
Претходно место меѓу најдобрите шестнаесет обезбедија Фриц, Руне, Димитров и Шелтон.