Рајо Валјекано го даде на заем третиот голман Иван Ароледа кој веќе замина во Росарио (Аргентина) и после лекарските прегледи ќе стане член на Њувилс Олд Бојс, па Рајо Валјекано остана со двајца голмани Димитриевски и Лука Зидан. Зидан брани на последните натпревари откако македонскиот репрезентативец прво имаше корона, па потоа го повреди бутниот мускул.
Откупната клаузула за трансфер на Димитриевски без преговори со Рајо е 50.000.000 евра, што е тешко за очекување дека некој би го уплатил.
За Димитриевски беше заинтересирана Барселона, но официјална понуда не дојде. Потоа дојде понудата од Ал Наср, но Рајо Валјекано ја одби понудата како мала.