Чави Ернандез го презеде тимот од Роналдо Куман и тргна да гради по негов вкус, а првата голема работа беше доведувањето на Феран Торес од Манчестер Сити. Сега на ред е одбраната на која и треба освежување, а шпанските и англиските медиуми пишуваат за четворицата играчи кои Барселона планира да ги доведе.
Станува збор за двајца играчи на Ајакс и двајца на Челзи и тоа Нусаир Мазрауи, Николас Таљафико, Андерс Кристенсен и Цезар Аспиликуета. Сите четворица играчи треба да дојдат во Барселона и да чинат вкупно само седум милиони евра.
Имено, сите освен Таљафико треба да дојдат во Барселона без обештетување бидејќи во моментов им истекува договорот во клубовите за кои настапува. Ајакс бара отштета од седум милиони евра за Таљафико, цена што Барселона е подготвена да ја плати.