Анчелоти направи многу измени во составот, но и вториот тим на Реал Мадрид е исклучително силен, а тоа го докажа и денеска.
Фран Гарсија во 38. минута донесе водство за Реал, а во судиското продолжение Арда Ѓулер погоди за 2-0.
Второто полувреме беше во знакот на Брахим Дијаз кој постигна голови во 49. и 59. минута од натпреварот за победа од 4-0.