ФИФА даде дозвола Ердал Ракип, играчот за врска на Малме да може да игра за А- репрезентацијата на Македонија. Тоа значи дека Ракип ќе може да игра за нашата селекција во октомврискиот циклус против Лихтенштајн и Германија. Тој веќе има наш пасош, се чекаше само на “виза“ на УЕФА за да може да настапува за Македонија. Секако дека ова ќе биде големо засилување за нашиот тим, за селекторот Благоја Милевски ако се знае дека и натаму имаме големи проблеми со повредите на Енис Барди и Аријан Адеми кои се неизвесни за претстојните дуели .
Инаку Ракип Ердал е роден на 13 февруари 1996 година во Малме, но има потекло од околината на Ресен.
Има 17 настапи за У-21 селекцијата на Шведска, сега игра со Малме во Лигата на Шампионите. Потекнува од школата на Малме, а бил член и на екипите на Бенфика и Кристал Палас.