Во вторник, најголемото дерби од групната фаза на Лигата на шампионите ќе се одигра во Париз на паркот на принцовите каде ПСЖ го пречекува Манчестер Сити. Тоа ќе биде судир на две екипи кои се меѓу најголемите фаворити да го подигнат трофејот во мај.
Иако ги имаат сите осум победи во францускиот шампионат и побегнаа од второпласираниот Ленс за дури девет бода повеќе, во соблекувалната на ПСЖ не е како што треба.
Тимот во Франција победува, но се бори, собира поени на мускули и индивидуалниот квалитет, а ние се уште не сме го виделе целиот потенцијал на неверојатното напаѓачко трио Мбапе – Нејмар – Меси.
Покрај тоа, ПСЖ покажува многу проблеми и многу работи не се како што треба, особено во соблекувалната.
Главните sвезди се најголемиот проблем. Џиџи Донарума е незадоволен. Тој беше еден од најзаслужните за италијанската титула европски шампион во јули, е во втор план и собира трошки зад Кејлор Навас.
Марка пишува дека Донарума навистина нема проблем со Навас и дека дуото е во одлична врска, но и дека Италијанецот очекувал да има многу поголема улога. Една од причините зошто е тоа така, пишува Кориере дело Спорт, е фактот дека јужноамериканскиот клан ги презеде сите конци во соблекувалната на ПСЖ. Анхел Ди Марија, Лионел Меси, Леандро Паредес, Маркињос и Нејмар постојано се држат заедно и наводно тие го фаворизираат Костариканецот Кејлор Навас на голот.
Пред два дена фудбалската јавност можеше да види дека односот помеѓу Нејмар и Мбапе е далеку од идиличен.
Меси се опоравува од повредата, но и тој не ги пружи посакуваните партии на натпреварите кои ги одигра.
Како ќе биде на утрешниот натпревар останува да видиме.