Кавани беше надвор од конкуренција и поради повреда, но и кога се врати одигра неколку минути, па затоа ќе си ја бара среќата на друго место, а како негова следна дестинација се споменува Барселона.
Каталонскиот гигант има проблеми во нападот, затоа што Лук де Јонг не се покажа како добро засилување, па Кавани ќе треба да биде привремено решение до лето, по што Жоан Лапорта сака да вложи многу пари за нов напаѓач.