Наполи на пет кола пред крајот на првенството и официјално ја освои шампионската титула и е недостижен за конкурентите. Елиф Елмас и неговите тимски колеги заслужено го слават „скудетото“, а слават и фановите.

Неапол „гори“, факели го запалија градот веднаш откако заврши дуелот против Удинезе (1-1) и со голот на Осимен наполитанците го освоија бодот за шампионска титула.

Славјето допрва почнува, фановите сигурно ќе ги чекаат фудбалерите, а потоа заедно ќе се слави под Везув,долго, долго…