Капитенот на Милан Алесио Ромањоли, е изненадувачка трансферна цел на шпанскиот гигант Барселона, тврди „АС“. Според шпанскиот медиум, 27-годишниот централен дефанзивец може да биде второ ново засилување и да пристигне на „Камп Ноу“ со слободен трансфер од Милан. Како што е познато, Френк Кеси е веќе договорен да дојде во Барселона по завршувањето на договорот на „Сан Сиро“.
Спортскиот директор Матеу Алемани лично ја презел задачата да го доведе дефанзивецот на „Камп Ноу“. Се верува дека одличниот однос на претседателот на Барселона Жоан Лапорта и личниот агент на фудбалерот Мино Рајола само би помогнал за потенцијален трансфер.
Сериозен интерес за Ромањоли има и од Лацио, чиј навивач е фудбалерот од мали нозе.