Њукасл кој од зимоска доби премоќен газда, па потроши стотина милиони евра на засилувања, двапати во една година го урна клупскиот трансфер-рекорд ѝ шести меч по ред не знае за победа во Премиерлигата после ремито денеска на „Сент Џејмс Парк“ против Борнмут со 1-1.
За Њукасл ова беше петто сезонско реми во седумте досегашни мечеви, па црвено-белите станаа мајстори за нерешено, но пласманот засега на табелата и осумте бода во седум меча се премалку за високите амбиции на клубот, кој има цел барем за излез во Европа во следната сезона на меѓународна сцена.
Најскапото засилување во историјата Александер Исак од пенал го донесе бодот во 67-та минута, пет минути откако Данецот Филип Билинг го донесе Борнмут во водство.
Њукасл со осумте бода е сега десетопласиран, а Борнмут е две позиции подолу со исто бодовно салдо и само поради лошата гол-разлика по дебаклот со 0-9 од Ливерпул пред неколку кола.