Дербито за Лигата на шампионите во француската Лига 1 помеѓу Ница и Рен заврши денеска без победник (1-1), па двата кандидати за место во елитното друштво во следната сезона останаа на своите позиции во ова 30-то коло.
Ница не издржа во завршницата за да запише голема победа и да дојде до второто место, откако Дерло во 69-та минута од мечот погоди за водство, па 12 минути пред крајот Терие израмни и го постави конечниот резултат.
Рен со бодот сега дојде до 53 бода и останува второпласиран, колку што има и третиот Марсеј, додека Ница е на 51 бод и е на четвртото место, но во завршните осум кола секако ќе има пеколна битка за двете позиции кои водат директно во елитата.