Реал Мадрид го продолжи патот кон новата титула шампион на Шпанија, победувајќи на непријатното гостување во Виго кај Селта со резултат 2:1 (1:0).

„Кралскиот клуб“ повторно имаше уникатен херој во ликот и делото на Карим Бензема, кој ги постигна двата гола, и двата од белата точка.

Бензема шутираше три пати од белата точка на овој меч, еден промаши, но два беа доволни за нови три бода.

Првиот гол од „белата точка“ беше виден во 19. минута, а во 40. минута голот на Селта беше поништен поради офсајд .

Но, во 53. минута Нолито успеа да го израмни резултатот и повторно да го натера Реал да нападне.

Во 64. минута Бензема промаши пенал, но пет минути подоцна доби нова шанса и стигна до својот 24. гол сезонава, а на Реал му го донесе 69. бод во сезоната.

https://www.youtube.com/watch?v=gQgDVQzzCiw

Ла Лига, 30. коло

Сабота:
Хетафе – Мајорка 1:0 (0:0)
Мајорал 82
Леванте – Виљареал 2:0 (2:0)
Моралес 69, 90 + 1
Селта – Реал Мадрид 1:2 (0:1)
Нолито 53 – Бензема 19п, 69п
21:00 Атлетико Мадрид – Алавес

Standings provided by SofaScore LiveScore