Ерик Тен Хаг имаше „пеколно крштевање“ во англиската Премиер лига, бидејќи неговиот тим потсети на најлошите изданија на Манчестер Јунајтед од минатата сезона.
И покрај подоброто светло во второто полувреме, Јунајтед постигна само еден гол и загуби со 1:2, по што Тен Хаг не го криеше разочарувањето од примените два гола кои според него биле подароци.
– Дефинитивно ова е чекор назад, навистина сум многу разочаран. Од самиот старт знаев дека ќе биде тешко, дека ова е долг процес и дека треба време. Сепак, во денешниот фудбал не ви оставаат премногу време и мора да почнете да победувате.
– Направивме две грешки, им подаривме две топки и не бевме добри во организацијата. Имаше грешки во почетокот на акциите и им подаривме два гола. Мора да ја научиме оваа лекција и да учиме од грешките. Воопшто не сум задоволен, никој не сака да почне со пораз, – изјави Тен Хаг, кој детално објасни зошто го остави Роналдо на клупата за резерви.
– Јасно е дека во вториот дел бевме подобри со Роналдо во нападот и Ериксен во средниот ред. Ако го имавме Марсијал, тој ќе играше во стартната постава. За жал, Роналдо е со нас само 10 дена и толку малку тренинзи се преголем залак за 90 минути. Тоа е единствената причина зошто не беше стартер, – изјави Холанѓанецот.