Хрватскиот тренер Игор Тудор победнички ја отвори новата сезона во Лига 1, откако Марсеј без преголема мака и убедливо триумфираше вечерва против Ремс во последниот меч од воведното коло, победувајќи со 4-1.
Бившиот француски и европски првак сѐ реши за едно полувреме, кога на Ремс му даде два гола во првите 45 минути, а сѐ почна со автоголот на Воу Фае по 13 минути игра, а Нико Тавареш во втората минута од судиското дополнување ја дуплираше предноста, па победата практично беше обезбедена.
Колумбиецот Луис Суарез на 15 минути до крајот додаде ѝ трет гол, па Ремс во финишот само успеа да даде почесен гол и тоа преку Фоларин Балогун на шест минути пред крајот, за секунди пред последниот судиски свиреж во 90+4-та минута, Суарез со втор гол да стави печат на убедливата победа.