Саутемптон загуби од Њукасл со 2:1 во 21. коло на „Сент Мери“ по пресврт и стави крај на серијата од десет меча без пораз на домашен терен (по пет триумфи и нерешени).
„Светците“ поведоа во 25. минута преку Стјуарт Армстронг, а Крис Вуд набрзо израмни и со резултат 1:1 се замина на одмор.
Зимското засилување на црно-белите од Лион, Бразилецот Бруно Гимараеш во 52. минута со прекрасен прв гол во Премиер лигата му донесе предност на Њукасл.
Тимот од „Сент Џејмс Парк“ ја постигна шестата победа со две нерешени средби во последните осум кола. Њукасл е 14-ти со 31 бод, а по вториот последователен пораз Саутемптон падна на десеттата позиција со 35 бодови.