Унгарците водеа во најголемиот дел од средбата, но до триумф дојде со голот на Омар Јахја на неколку секунди до крајот. Од групата Б директно во четвртфиналето се пласираа Кјелце и Барселона, која претходно вечерва го совлада Фленсбург (29-22). ПИК Сегед, пак, одигра нерешено со Монпелје (29-29).
Уште од претходно се знаеше дека Веспрем во осминафиналето ќе ги одмери силите со нашиот Вардар, додека ПСЖ ќе се сретне со Елверум, Порто со Монпелје, а Флесбург со ПИК Сегед.