Актуелниот бранител на пехарот во Купот на Германија, РБ Лајпциг обезбеди ново полуфинале и ја продолжи битката за одбрана на трофејот, после триумфот со 2-0 во четвртфиналниот дуел против Борусија Дортмунд.
Екипата на РБ Лајпциг им се придружи на Ајнтрахт Франкфурт, Фрајбург и Штутгарт меѓу најдобрите четири тимови во германскиот Куп, а јунак на „биковите“ беше Тимо Вернер, многу оспоруваниот германски репрезентативец кој го постигна клучниот гол уште во 22-та минута од натпреварот, а Вили Орбан во 98-та минута само стави точка на триумфот.
Дортмуд одигра ужасен натпревар со што му помогна на Лајпциг да дојде до полуфинале, бидејќи „милионерите“ иако имаа за нијанса повеќе посед на топката, само двапати шутираа кон голот, еден директен во 97-та минута, за разлика од домаќинот кој имаше 20 удари од кои дури 11 во рамките на голот.
Штутгарт со 1-0 го победи Нирнберг и обезбеди четвртфинале.