Екипата на Далас маверикс го победи Сакраменто кингс (123-119) и ги задржа шансите за пласман во плејофот, за што еден од најзаслужните беше Лука Дончиќ, кој средбата ја заврши со 29 поени, два помалку од Кајри Ирвинг.

Словенецот лесно можеше да биде и најефикасен на оваа средба, но тоа не се случи по „вина“ на судиите, кои му го поништија можеби најлудиот кош во кариерата.

 

Дончиќ откако беа решени сите дилеми околу победникот, ја фрли топката речиси буквално од кош на кош и – погоди. Публиката стана да го поздрави еуфорично, но нивната радост траеше кратко, бидејќи судиите утврдија дека ја исфрлил топката по последниот звук на сирената.