Сите во Денвер се прашуваат што се случува со Никола Јокиќ. Замислете Србинот на синоќешниот меч во НБА против Мемфис, немаше реализација речиси 20 минути. Неговиот тим загуби со 106:97, а учинокот на Јокиќ беше 23 поени, но ниту еден во последните 20 минути. И кога е така, кога го нема Јокиќ тогаш и Денвер губи.

Интересно е да се каже дека Нагетси на овој меч имаа дури 23 нереализирани шутеви за три поени.