Ѕвездата на ПСЖ ќе го пропушти и гостувањето кај Лајпциг во Лигата на шампиони, а француските медиуми најавуваат подолга пауза поради повредата на коленото. Меси ја влече оваа повреда уште од летото, кога доби жесток старт на дуелот со Венецуела на Копа Америка.
Медицинскиот тим на „светците“ треба да направи дополнителни прегледи за да утврди колку е сериозна повредата на Меси. Медиумите веќе шпекулираат дека фудбалерот ќе биде надвор од терените три до четири недели.