Екипата на нашиот Елиф Елмас РБ Лајпциг ја заврши победничката серија. Тимот кој имаше четири триумфи во низа одигра реми против Хофенхајм (1-1) во рамки на 32. коло од Бундеслигата, резултат кој повеќе му одговара на ривалот.
„Биковите“ се веќе сигурни во ЛШ, а Хофенхајм се бори за едно од местата кои водат во еврокуповите по крајот на сезоната. Бодот е повеќе вреден за Хофенхајм, а го освои пред самиот крај на натпреварот.
Лајпциг во поголемиот дел од дуелот имаше предност. Се играше 38. минута кога Бенџамин Шешко успеа да погоди за 0-1. И гостинот ја чуваше предноста, но во самиот финиш одбраната капитулира. Најдобриот стрелец на Хофенхајм, Андреј Крамариќ, постигна гол во 90. минута за голем бод за Хофенхајм.
РБ Лајпциг го заврши мечот и со играч помалку затоа што црвен картон доби Чави Симонс. Ељиф Елмас не беше во протоколот на мечот поради болест. До крајот на Бундеслигата остануваат уште две кола.