Бугарските провокации кон Македонија не престануваат, па со голема дрскост влегуваат и во спортот
Венцислав Стефанов, претседателот на софиска Славија постојано провоцира, во негов шовинистички стил. Уште минатата година имаше националистички и омаловажувачки пораки кон Македонија. Сега тој направи нов испад, со нова навреда-Македонија ја нарекува бугарска провинција.
Стефанов на прес конференција пред стартот на пролетната полусезона покрај останатото го изјави и ова:
„Се срамам што една бугарска провинција како Македонија има толку убав стадион за чудење, а ние Бугарите немаме“.
Изјавата ја пренесуваат медиумите во Бугарија