На натпреварот од романската лига помеѓу Фарул Констанца и Универзитатеа Крајова, литвански голман направи пенал каков што ретко се гледа, па затоа овој момент стана хит во светот и на социјалните мрежи.
Чуварот на мрежата на Крајова, инаку тим за којшто настапува и македонскиот дефанзивец Ѓоко Зајков, направи неверојатна глупост која мора да се види. Но за комплетното шоу се погрижи судијата, кој најпрвин досуди фаул врз голманот, но потоа отиде да погледне снимка и ја смени одлуката, па покажа на белата точка.
https://twitter.com/Emishor/status/1623057155724292099?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1623057155724292099%7Ctwgr%5E038821a11983adb1598ab0225be34966aa206272%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportmanija.mk%2Fvakov-glupavo-napraven-penal-ne-se-gleda-dvapati-video%2F