Кралскиот клуб , Реал Мадрид е сериозно заинтересиран за потписот на играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем. Во последните недели двата клуба биле во контакт и разговарале за можниот трансфер на 18-годишниот играч за врска.
Реал Мадрид се бори за Белингем со неколку англиски клубови, а Германците имаат намера добро да заработат ако навистина се решат за негова продажба.
„Зделката за него ќе чини 80-90 милиони евра“, вели новинарот на Марка, Рамон Алварез.
Реал сака да го ангажира Англичанецот во 2023 година, со тоа што ќе му дозволи и следната да остане во Дортмунд. Во преговорите Германците најавиле дека преферираат да преговараат со гигантот од Мадрид пред другите клубови. Преговорите ќе продолжат до крајот на сезоната, кога се очекува конечен став и од двете страни.