Рома ја забележа првата лигашка победа во Серија А и тоа на дебито на новиот тренер Иван Јуриќ.
„Волчицата“ имаше турбулентна седмица во која беше сменет Даниеле Де Роси а потоа експресно биде донесен Јуриќ на негово место.
Таа промена донесе победа затоа што Рома убедливо го совлада Удинезе со 3-0.
Средбата на „Олимпико“ беше отворена со гол на украинецот Довбик кој погоди во 19 минута. Дибала во вториот дел зголеми на 2-0 со удар од белата точка, додека пак Балданци во 70 стави точка на победата.