Фудбалерите на Атлетико Мадрид одиграа нерешено на гостувањето кај Рајо Валјекано (1-1) во 6. коло од шпанската Ла лига.
Рајо поведе со голот на Палазон во 35. минута, а гостите дури во второто полувреме заиграа подобро, па израмнија преку Галагер во 49. минута. До крајот и двата тима немаа некои посебни шанси, па нерешениот исход е најреален резултат на овој натпревар.
„Јорганџиите“ остануваат без пораз по шест меча во новата сезона од Ла Лига и тоа со по три победи и нерешени средби, додека доскорешниот тим на нашиот Столе Димитриевски сега има по две победи, нерешени средби и порази.