Фудбалерите на Азербејџан остварија победа од 3-0 против Шведска во квалификациите за Европското првенство, а посебно внимание привлече третиот гол на домаќините.
Емин Махмудов во третата минута го отвори резултатот (1-0), а само три минути подоцна Ренат Дадашов ја затресе мрежата на Швеѓаните за предност од 2-0.
Шведска почна да се буди во вторите 45 минути по црвениот картон на Мустафазада, меѓутоа не успеа да постигне гол, а казната стигна во 89. минута кога Махмудов со гол од пола терен ги „закопа“ гостите.
Азербејџан и Шведска се на делба на третата позиција со по седум бодови, додека пред нив се Белгија со 17 и Австрија со 19.
https://twitter.com/i/status/1725224904805478805