Фудбалската репрезентација на Унгарија во неверојатен натпревар против Бугарија освои златен бод (2-2) во 97. минута, а истиот им беше доволен за пласман на Европското првенство.
Адам во 10. минута ја затресе мрежата на Бугарите за водство од 1-0, но потоа Делев ја врати неизвесноста со погодок во 24. минута.
Нашиот источен сосед остана со фудбалер помалку во 37. минута кога Антов поради втор жолт картон беше исклучен, а потоа и Керкез од Унгарија доби црвен картон, па така силите на теренот од 57. минута беа израмнети.
Десподов стрелаше од пенал во 79. минута за целосен пресврт, а во последните секунди од натпреварот Петков си постигна автогол за конечни 2-2.
Унгарија со овој бод обезбеди пласман на ЕП. Таа во моментов е прва со 15 бодови, односно два повеќе од Србија, по што следи Црна Гора со осум, Литванија има шест, а нашите источни соседи имаат само три бода.
Кипар – Шпанија 1-3
Естонија – Австрија 0-2
Грузија – Шкотска 2-2
Азербејџан – Шведска 3-0