Тимот на Фиорентина беше на работ на пораз на свој терен од Монца, но Госенс погоди длабоко во судиското продолжение и донесе бод за виолетовите, натпреварот заврши 2-2.

Монца поведе со гол на Ѓуриќ во 18. минута, во 32. минута Малдини го зголеми водството на гостите на 2-0.

Пред самиот крај на првиот дел Моизе Кин намали на 2-1 и ја врати Фиорентина во игра.

Се чинеше дека сепак Монца ќе издржи и ќе го сочува водството, но тогаш на сцена стапи Госенс кој даде гол за конечни 2-2.

 

Верона со 2-0 славеше на гостувањето кај Џенова.