Moнако и Ленс одиграа нерешеноги поделија бодовите во рамките од третото коло во француската Лига 1 играјќи 1:1.
Во денешниот дуел и двете екипи влегоа со две победи во двете кола, а на крајот останаа непоразени.
Монако прв стигна до водство во 84. минута со голот на Закарија, а кога изгледаше дека тие ќе продолжат да бидат перфектни следуваше гол на гостинскиот состав. Поразот Ленс го избегна со голот на Франковски од белата точка во четвртата минута од судиското продолжение.
Монако во следното коло го очекува гостување кај Оксер, додека Ленс на свој терен ќе игра против Лион.