Европскиот првак Реал Мадрид сака да го купи Рафаел Леао, ѕвездата на Милан, кој имаше сезона од соништата, а воедно беше прогласен и за најдобар играч во Серија А.

Тој има валиден договор до 2024 година, а директорот на Милан Паоло Малдини работи на продолжување на соработката со него најмалку до 2026 година. Отштетната клаузула изнесува 150 милиони евра, но Реал Мадрид има друга понуда.

Раководството на „кралевите“ е подготвено да ги испрати Лука Јовиќ и Марко Асенсио на „Сан Сиро“ и дополнително да плати пари, за да го доведе Рафаел Леао на „Сантијаго Бернабеу“.