Тренерот на Рома, Жозе Мурињо изјави дека големите клубови мора сериозно да го сфатат новото европско натпреварување – Лигата на конференции.
Рома во среда од 21 часот во Тирана во финалето на Лигата на конференциите ќе игра против Феенорд. Римскиот клуб игра за првиот голем трофеј во едно европско натпреварување, а Мурињо за петтиот, откако ја освои Лигата на шампионите со Порто во 2004 година и Интер во 2010 година и два трофеи во Лига Европа во 2003 година со Порто и 2017 година со Манчестер Јунајтед.
„Кога започна натпреварувањето, имаше критики. Луѓето го гледаа плеј-офот без германски, англиски или шпански клубови… Но, ние го гледавме полуфиналето со 70.000 гледачи во Рим, полни стадиони во Марсеј или Лестер, ова натпреварување стана важно“ затоа што клубовите како нас тоа го сфаќаат сериозно . Големите клубови мора сериозно да ја сфатат Лигата на конференциите“, рече Мурињо.
Рома загуби во групната фаза во Норвешка од Бодо / Глимт со 6:1, но пролетта ги подобри резултатите и стигна до финалето.
Рома загуби две финалиња на европските натпреварувања во 1984 и 1991 година, но го освои Купот на саемски градови во 1961 година.
„Секако дека би сакал да го освојам трофејот за себе, но особено за навивачите кои долго време не доживеале такво нешто и играчите да го направат првиот таков чекор во кариерата. Помалку сум егоцентричен, јас сум повеќе клупски човек“, изјави Мурињо.
Двата клуба се познати по своите жестоки навивачи, а стадионот во Тирана има капацитет од 21.000 седишта и многумина ќе останат надвор.
Дури и „Сантијаго Бернабеу“ би бил полн, но Албанија ја заслужува оваа можност“, изјави Мурињо.
Италијанските клубови го немаат освоено европскиот трофеј од 2010 година и триумфот на Интер во Лигата на шампионите, клубовите не успеаја да се пласираат во четвртфиналето во Лигата на шампионите, а репрезентацијата не се пласираше на Светското првенство во Катар.
Рома од летото одигра 14 европски натпревари, а Феенорд 19.
Холандскиот клуб во среда ќе се обиде да го освои четвртиот европски трофеј. Го има Сирил Дезерс, најдобриот стрелец во Лигата на конференциите, со 10 гола.
„Не се плашиме од Рома“, рече тој.
Дезерс е позајмен од Генк, а изјави дека има одлични односи со навивачите на холандскиот клуб, кои преку онлајн петиција побараа од управата да му го откупи договорот за четири милиони евра.
„Ќе видиме дали ќе успеат. Мојата врска со навивачите, никогаш нема да ја заборавам“, додаде тој.