Шпанска „Марка“ објави дека Левандовски наводно се договорил со каталонскиот гигант, но допрва следат преговори меѓу клубовите, а Баерн за реализирање на трансфер сака да добие 50 милиони евра.
Барселона во моментов има финансиски проблеми, поради што се шпекулираше дека не може да го ангажира Левандовски, па ќе мора да најде начин за да плати 50 милиони евра доколку планира да потпише договор со Полјакот.