Екипата на Рома успеа да остане непоразена на гостувањето кај Феенорд, натпреварот заврши 1-1, а интересно беше во Истанбул каде Галатасарај со 3-2 ја совлада Спарта Прага во пресметка со два црвени картони.
Феенорд поведе со гол на Паиксао во самиот финиш од првото полувреме, Рома изедначи преку Лукаку во 67. минута од мечот.
Во финишот холандскиот тим тргна жестоко кон победа, Рома се повлече и успеа да се одбрани.
Галатасарај со 3-2 ја совлада Спарта Прага, во натпревар во кој и двете екипи добија црвени картони, а победничкиот гол го даде Икарди во 91. минута од натпреварот.
Немаше победник на мечот меѓу Шахтар и Марсеј, заврши нерешено 2-2.
Спортинг Лисабон е најблиску до осминафиналето, славеше со 1-3 на гости против Јанг Бојс. Ѓокереш и Инасио стрелаа за португалскиот тим, а Аменда си постигна автогол.
Шахтјор Доњецк и Олимпик Марсеј одиграа 2-2.